Струмичанец силувал немоќна девојка

75

Струмичанц вработен како собирач на ѓубре силувал девојка со пречки во развојот. Против него Основното јавно обвинителство Струмица поднесе обвинителен акт за кривично дело обљуба врз немоќно лице, за што му е определена и мерка притвор.

Како што соопштија од обвинителствотот,обвинетиот е на возраст од триесет и две години. Тој го искористил претходното познанство со жртвата, па на 11 декември во нејзиниот  дом  во струмичко, го извршил делото напаѓајќи ја девојката .Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со неаа, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога таа била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава на нејзиниот  родител  осомничениот веднаш бил лишен од слобода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.