Струмичанец загина во сообраќајка кај скопскиот аеродром

Жител на струмичкото село Дабиле загина во судир на автомобили, вчера на автопатот Велес- Куманово, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 17.40 часот на автопатот, кај исклучокот за скопскиот аеродром. Тогаш се судриле автомобил „форд мондео“, управуван од А.К.(50) од Скопје и автомобил „опел астра“ што го управувал В.К.(42) од Дабиле. Возачот на „опелот“ со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Тешко се повредени и сопатниците во „опелот“, А.А.(43) од село Вељуса и 11 годишно дете од Дабиле.

Тие со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8 Септември“ и „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.