Струмичанец лишен од слобода, превезувал 19 мигранти од Авганистан и Пакистан

Полициски службеници денеска го лишиле од слобода В.Г. од Струмица поради тоа што на магистралниот пат Штип – Велес, кај место викано „Три чешми“, штипско, во товарно возило „Нисан“ превезувал 19 лица мигранти од Авганистан и Пакистан.

Претходно, како што соопшти МВР, В.Г. не застанал на знак за запирање од полициските службеници и се обидел да побегне, но набргу потоа возилото било запрено и В.Г. бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.