Струмичанец се обиде да се самозапали

Вистинска драма се случуваше утрово пред складот на шумското претпријатие Беласица во Струмица. Жител на селото Висока Маала се обиде да се запали затоа што му било одземено возилото со кое превезулал крадени дрва, пренесува телевизија „Сител“.

Утрово тој дошол во складот на шумското претпријатие се полил со бензин и со запалка во раката му се заканил на чуварот дека ќе се запали доколку не му биде вратено комби возилото кое му било одземено во петокот во заедничка акција на МВР и шумската полиција.

Неколку  часа  траеше драмата во која  полицијата го убедуваше нервозниот  Ферди Исмаилов да се откаже од неговата намера.  Подготвени да реагираат на местото на настанот беа и екипи на противпожарната единица и итната медицинска помош.  Меѓу насобраните граѓани беше и неговиот чичко.

„Го фатиле со еден кубик дрва во комбето. Тука дошле ветиле дека ќе го вратат комбето, ама сега но го даваат и детето сака да се запали со бензин. Има две деца, со тоа живее. Немал дома брашно и затоа зедол еден кубик дрва за да обезбеди нешто да не му гладуваат децата. Дојдовме овде да го земем комбето, ама тие не му го даваат и затоа сака да се запали“, рече  Ајдар Исмаилов.

По неколку часа преговарање и убедување драмата ја прекина самиот Исмаилов. Тој го напушти местото и со возилото Ауди со кое беше дојден замина во непознат правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.