Струмичанец удрил со автомобил во полицаец и побегнал

Полицијата го уапсила И.Ј.(40) од Струмица затоа што вчера околу 02:20 часот со автомобил марка „ауди“ удрил во полициски службеник кој извршувал службени задачи и потоа побегнал од местото на настанот.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, возачот на „аудито“ бил запрен од страна на полицискиот службеник на улицата „Димитар Цветинов“ и откако му се легитимирал му било наредено да се врати назад заради вршење увид од страна на полицијата. Toj не постапил по наредбата и удрил во полицаецот со автомобилот.

Полицаецот не е повреден, а лицето било пронајдено и задржано во полициска станица.

За настанот бил запознат Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против струмичанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.