Струмичанки плаќале со фалсификувани евра

Две струмичанки заработија кривични пријави бидејќи плаќале со фалсификувани банкноти од по 100 евра.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 27-годишната М.Д. и 46-годишната А.А. на 30 декември минатата година во Берово пазареле со фалсификувани евра.

М.Д. со фалсификувана банкнота од 100 евра платила во продавниа каде пазарела прехранбени намирници, додека А.А. платила со фалс евра во парфимерија.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.