Струмичките средношколц протестираа за да се вратат во училиште

Преку мирен протест, попладнево на плоштадот „Гоце Делчев“, средношколци од Струмица побараа да се вратат во училиштата и да продолжат со настава, јави МИА.

Според нив, вистинскиот проблем ќе се случи кога ќе ќе ја изгубат довербата во образовниот систем и затоа бараат да се вратат на настава.

„Знаеме колку онлајн наставата е ‘ефикасна’ и колкумина од нас го поседуваат потребниот електронски уред. Затоа ова е повик до надлежните да го слушнат нашиот глас и да го слушнат нашето мислење, зашто во спротивно ќе ја убијат желбата за напредок и ќе ни ја закопаат иднината“, изјави средноколката Катреина Гонева.

Ученичката Лилјана Коцева подвлече дека треба да се оди на училиште, бидејќи моќта на образованието е неспорна.

„Можеме да создадеме подобра иднина само преку квалитетно образование. Затоа, да го искористиме образованието како најмоќно оружје со кое ќе може да го промениме светот“,рече Коцева.

Средношколците велат дека се подготвени да посетуваат и комбинирана настава, а ако не се прифатат нивните барања тогаш најавуваат продолжување на протестите.