Стружанец ограбувал накит

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 57-годишниот З.К. од Струга.

Пријавениот, како што соопшти денеска СВР Охрид, во периодот јануари-март оваа година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, со употреба на подесен алат и физичка сила влегол во куќа на улицата „Стив Наумов“ во Струга.

По извршеното пребарување по собите, како што е наведено, одзел еден телевизор, повеќе парфеми, златен накит, комплети „Сваровски“ и други предмети.