Стружaнец приведен за агресивно однесување кон полицијата

Млад жител на струшкото село Радолишта е приведен во полицска станица, откако агресивно се однесувал кон полициски службени кои вршеле рутинска контрола на неговото возило, извести Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случи во вторникот 40 минути по полноќ на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, кога при контрола на патничко возило „фолкваген голф“, 27-годишниот К.К.од село Радолишта, струшко, агресивно се однесувал и навредувал полициски службеници.

К.К. бил приведен во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.