Стружанец со нож нападнал должник

Жител на струшкото село Октиси со нож нападнал стружанец поради долг, информираше МВР.

Станува збор М.Ц.(21) против кого е поднесена кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Според полицијата, инцидентот се случил на 27 јули пред семејната куќа на Н.Б. во Струга. Таму осомничениот почнал вербална расправија со Н.Б. за неисплатен паричен долг, а потоа и физички го нападнал. Во еден момент М.Ц. од седиштето на скутерот извадил нож и се упатил кон оштетениот со намера да го нападне, но притоа бил спречен од соседите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.