Стружанец наместо во изолација отишол во обложувалница и претепал вработен

ОВР Струга поднесе кривична пијава против 43-годишниот С.Р. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“.

Тој, на 27.09.2021 година, и покрај забраната за движење и задолжителна изолација по издадено решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се упатил во спортска обложувалница во Струга и со остар предмет физички го нападнал вработениот во објектот.