Стружанец ограбил обложувалница, бидејќи не верувал дека тикетот му е недобитен

Изреволтиран стружанец сам си зел пари од касата на обложувалницата откако му кажале дека тикетот му е недобитен.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, струшката полиција поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Н. бидејќи од обложувалницата „Бетсити Балкан“ во Струга, украл 40.000 денари што ги пронашол во касата.

На 28-ми јануари оваа година, околу 10.30 часот , пријавениот украл пари од касата бидејќи вработените во спортската обложувалница му било кажано дека неговиот спортски тикет е недобитен.
Изреволтиран поради тоа, А.Н. кој сметал дека има добитна комбинација, се упатил кај директорот на обложувалницата кој, по извршената проверка му соопштил дека се работи за недобитен тикет. Тогаш, А.Н. ја забележал касата, од каде мошне брзо успеал да ги одземе парите и да избега од местото. По кратко време, полициските службеници кај него пронашле и со потврда му одзеле 39.000 денари, соопштуваат од полицијата.

По дополнително извршените проверки, констатирано е дека спортскиот тикет бил со недобитна комбинација.