Стружанец вербално и физички нападнал полицаец

Револтиран сопатник нападнал полицаец кој вршел редовна контрола на улица во Струга.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи завчера стружанец нападнал полицаец.

Инцидентот се случил додека пријавениот 41-годишниот А.А., како сопатник во автомобил „ Цитроен-Ц 5“  со скопски регистарски таблици нападал полицаец.

Полицаецот пред два дена околу 13.40 часот на улиците 15 Корпус  и Владо Малески во Струга го застанал автомобилот и од возачот ги побарал потребните документи.  Тогаш А.А. прво вербално,  а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник.

Насилниот стружанец си заработи кривична пријава.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.