Студен туш за Србија! И Србите не смеат да патуваат во Германија, Македонците не се осамени

87

Граѓаните на Србија кои планираа да отпатуваат за Германија од денес, ќе треба да го одложат заминувањето во оваа европска земја до понатаму.

– Комисијата на Европската унија им препорача на земјите-членки  од 01.07.2020 година да ги релаксираат ограничувањата за движење за влез во Европската унија. Владата на Сојузна Република Германија сè уште не донесе одлука дали ќе ги следи овие препораки. Затоа, ограничувањата за влез во Германија сè уште важат за српските граѓани. За сите измени ќе ве известиме навремено на нашата веб-страница или преку Фејсбук – се наведува во објавата на Фејсбук на германската амбасада во Белград.

Лидерите на Европската унија  ги објавија препорака според која граѓаните на 14 земји ќе можат да патуваат слободно во земјите-членки на ЕУ од 1 јули. Покрај Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Грузија, Нов Зеланд, Мароко, Тајланд, Тунис, Уругвај, Руанда и Јужна Кореја, на списокот спаѓаат и две поранешни југословенски републики – Србија и Црна Гора.

Меѓутоа конечната одлука за влез на граѓаните на територија на својата држава ќе ја донесува секоја земја поединечно. Затоа и Србите се понадеваа на релаксираните мерки на ЕУ, но сепак ке мора да почекаат додека Германија сама не одлучи.

Списокот веќе предизвика контроверзии откако изворите откриле дека САД – најтешко погодената земја во светот, со повеќе од 2,4 милиони случаи – се наоѓаат на вториот список.

Околу 50 нации се ставени на „црвениот“ список и за нив границите нема да се отворат брзаат. Покрај Соединетите држави, во неа се и Русија, Израел, Турција и Саудиска Арабија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.