Студено и облачно време, во западните делови снег

Денес не очекува променливо облачно време. Утринската температура во главниот град ќе достигне -8 Целзиусови степени, додека пак, во другите делови на земјава ќе се движи околу нула степени Целзиусови.

За претпладнето се прогнозирани подолги сончеви периоди и магла по одделни котлини, а во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови.

Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.