Студено и променливо облачно време

Времето денеска е променливо облачно и студено со умерен северен ветер. Во главниот град, максималната температура ќе достигне до 4 целзиусови степени, информираат од УХМР.

На повисоки места повремено ќе провејува снег, а максималната температура ќе биде во итервал од -1 до 5 целзиусови степени.

На планинските премини Стража и Плетвар утринава има остатоци од кашест снег, а во Стојмирово, Кичево и Попова Шапка врне слаб снег, но според информација на Авто мото сојузот на Македонија, не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.