Студено и ведро, максимална температура до 9 степени

Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во југоисточните делови. Максималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната ќе се искачи само до 5-тиот степен.

Утринава, температурите речиси во целата држава се под нулата. Најстудено е во Берово и Лазарополе каде се измерени -10 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија 1 степен. Во Петровец кај Скопје измерени се -3 степени, а на Зајчев рид -2 степена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.