Студено и магливо, со сончеви периоди

студено

Најстудено е во Берово, минус 10 степени,  по што со – 8 следи Тетово, -7 Скопје Петровец, – 6 Струмица, – 5 Куманово, – 4 Скопје-Зајчев Рид,  Штип, Крива Паланка, -3 Тополчани, Пожаране, – 2 Претор, Лазарополе, Виница, Прилеп, Демир Капија и Битола, -1 Ѓуриште, нула во Дебар, Охрид, Гевгелија, Крушево, 1 Маврово, 2 во Дојран. Снежната покривка во Маврово изнесува 58 сантиметри, 38 сантиметри е во Ѓуриште, 37 во Пожаране, 25 во Крушево…

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денов ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе се задржи магливо и со ниска облачност. Попладне во крајните западни делови ќе има услави за слаб локален дожд. Ќе дува слаб јужен ветер Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје умерено облачно со слаба магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време. И утре само во крајните западни делови ќе има слаб локален дожд. Во сабота и недела на повеќе места ќе има повремен дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка. Нов влажен бран се очекува во понеделник кон крајот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.