Студено време со врнежи од снег

Денес не очекува претежно облачно и студено време, со минусни температури и повремени врнежи од снег.

Максималната температура во главниот град ќе достигне до еден степен Целзиусов.

Снежните врнежи ќе се задржат особено претпладне, во западните и јужните делови од Македонија.

Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.