Студент поднел фалсификат уверение за да добие диплома

Дваесет и четиригодишен студент од скопско Копаница на Државниот тетовски универзитет поднел фалсификувано уверение за да добие диплома.

Случајот во полиција го пријавил вработен во ДТУ. Откако провериле во факултетската евиденција, службите на Универизитетот утврдиле дека уверението не било заведено под тој број и дека најверојатно станува збор за фалсификуван документ, па веднаш го пријавиле случајот.

Студентот и уште четири други лица, кои се осомничени дека се инволвирани во случајот, биле приведени во полициска станица во Тетово, додека уверението е одземено и предадено за вештачење.