24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Студентите од Факултетот за информатика во Охрид, не прифаќаат трансформација на Универзитетот

Студенти при Универзитетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство „Свети Апостол Павле“ од Охрид, денеска се собраа со цел да покажат дека се против предлог законот за измена и транформација на Универзитетот. Тие велат дека новото законско решение го прекршува нивното право  редовно да напредуваат, да се образуваат и да го завршат студирањето под услови кои важеле при уписот на овој државен универзитет.

„Овој предлог закон целосно ги руши сите наши желби, права и идеали со кои сме се запишале на овој Универзитет, па како таков е екстремно штетен доколку биде инплементиран. Упатуваме апел до надлежните органи, Влада, Собрание, МОН да ни излезат во пресрет и да не ни кројат кобна судбина на 400 студенти.“- изјави Бисера Чаулева, студентка на 4та година и претставник од Студенстки парламент.

Најголема последица со овој предлог закон би сноселе сегашните студенти кои се запишале да студираат компјутерско инженерство а би завршиле како студенти на факултет за Применета Информатика и Хуманистика кои се сродни со ФТУ,  велат студентите. Додаваат дека предлог законот не е заснован на претходна анализа која би покажала дека предложените студиски програми се потребни и атрактивни споредено со тоа дека ИТ кадарот е најбаран на пазарот на труд.

„Сите студенти сме разочарани, нервозни и револтот е голем затоа што треба да потпаднеме под нов факултет за применета информатика и дигитална хуманистика термин кој нас не ни е познат. Ако Охрид е град на УНЕСКО не мора да значи дека ние треба да студираме животна средина. Трансформацијата ќе значи губење на наставката компјутерски инжењер со што ни опаѓа вредноста на дипломите кои се светски признати. “ – вели Наумче Јончески.

Студенското Собрание при Универзитетот „Свети Апостол Павле“ достави петиција против предлог законот до Собранието и координаторите на пратеничките групи, Владата и  МОН. Доколку не биде прифатено нивното барање за негово отфрлање најавуваат протести. Предлог законот е доставен до Претседателот на Собранието од осуммина пратеници: Жаклина Лазареска, Љубен Арнаудов, Рубин Земон, Сашо Василески, Арта Точи, Ѓулумсер Касапи, Ферид Мухиќ, Шпреса Хадри  и ќе се најде на разгледување на дневен ред на 11ти декември.

Извор: 24ВЕСТИ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.