Студентскиот отпор најавува масовна мобилизација, протестите не се исклучени

Како и секоја академска година, така и оваа 2023/24 студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години, соопштија денеска од Студентскиот oтпор.

Имено, годинава, стои во соопштението, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3.945 денари, трошоците за амортизација на 700 денарии, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто.
„Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е УКИНАТ и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на ССО, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30 проценти“, се наведува во соопштението.

Додаваат дека во однос на субвенционираниот студентски оброк на само две недели пред почетокот на новата академска годин, се уште немаат информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе можат да се користат наменетите средства за ССО.

„Студентски отпор бурно ги следи проблемите и најавува масовна мобилизација на сите студенти и жестока реакција за студентските проблеми кои секоја година се полоши и полоши. Протести и демонстрации се една од опциите!“, најавуаат преку соопштение од Студентскиот отпор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.