Студија: Covid-19 ги зголемува ризиците за хоспитализираните порaди мозочен удар

Коронаврусната болест ги зголемува ризиците од смртен исход во болница кај лицата хоспитализирани поради мозочен удар, покажува ново американско истражување од кое резултатите се објавени во списанието Stroke.

Пациентите заболени од Covid-19 имаат повеќе изгледи за потежок мозочен удар, како и за нов мозочен удар во текот на хоспитализацијата, наведуваат научниците во споменатата студија.

Тие проучувале речиси 42.000 пациенти кои биле сместени во 458 болници со исхемиски мозочен удар, предизвикување за затнивање на артериите кои ја носат крвта во мозокот.

Околу три отсто од овие пациенти биле позитивни на Covid-19. Тие просечно во болницните стасувале исто толку брзо, како и пациентите кои не биле заболени од Covid-19. Потоа работите би се забавиле за заразените со коронавирусот.

„Веројатно поради потребата за користење на личната заштитна опрема и другите превентивни мерки кои ги спроведуваат вработените во болниците било потребно дополнително време за заболените од Covid-19 да ја добијат терапијата за разбивање на згрутчувањата“, вели коавторот на студијата др Грег Гонароу од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.

Со студијата не можело да се утврди дека одложувањето на примената на терапијата предизвикале полош исход за заболените од Covid-19.

Меѓутоа, Фонароу вели дека овие откритија сугерираат дека постои потребата од дополнително зајакнување на протоколот за лицата погодени од мозочен удар, за да се осигури правовремена дијагноза и брзо лекување на лицата со исхемиски удар со истовремена заштите на здравствениот персонал од изложување на коронаворусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.