Студија открива зошто некои и по 80-те имаат извонредно паметење

Лицата коишто се на возраст од 80 години па и повеќе а поседуваат исклучително добро паметење имаат и значително подолги нервни клетки или, како што ги нарекуваат научниците „супеневрони“ во одредени делови од мозокот покажуваат резултатите од истражувањата објавени во научното списание The Journal of Neuroscience.

Резултатите од студијата откриваат дека нервите во областа на мозокот одговорна за паметењето, или со медицинскиот речник речено енторхиналниот кортекс, значително се поголеми кај овие лица во однос на нивните когнитивно просечни врсници.

Научниците појаснуваат дека луѓето во ткн „златни“ години со извонредни вештини за паметење поседуваат неврони подолги од оние кај просечните поединци кои се 20 или дури 30 години помлади од нив.

„Фактот дека овие лица имаат многу подолги неврони во однос на своите помлади врсници може да значи дека толку големите клетки постоеле од нивното раѓање и дека структурално се одржувале во текот на животот. Заклучуваме дека подолгите неврони се биолошко обележје на патот за своевидното ‘супер-стареење’“, вели шефицата на студијата Тејмар Гефен од Универзитетот Нортвестерн.

Во соработка со колегите открила дека повозрасните лица со остро паметење немаат абнормална акумулација на протеинот тау во таканаречениот неврофибриларен „јазол“, што е карактеристика за Алцхајмеровата болест.

Потсетува дека со помош на протеинот тау може сигурно да се предвиди местото на идната атрофија на мозокот кај заболените од Алцхајмеровата болест.

За разлика од тау протеинот, со помош на амилоидните плакови не можело толку прецизно да се предвидува местото на идната атрофија на мозокот. Научните сметаат дека тау протеинот подиректно ја покренува дегенерацијата на мозокот при Алцхајмеровата болест од протеинот на амелоидите.

„За да сфатиме на кој начин и поради што некои лица се отпорни на развојот на Алцхајмеровата болест важно е внимателно да се истражат пост-мортем мозоците на постарите лица кои имаат подолги неврони. Што нивниот мозок го прави исклучителен? Како би можеле да ги искористиме нивните биолошки особини за да придонесеме во спречувањето на развојот на Алцхајмеровата болест?“, се прашањата кои ги поставува др Гефен.

Во рамките на истражувањето научниците посмртно проучувале мозоци на шест постари лица кои имале одлично паметење, потоа мозоците на седум когнитивни просечни постари лица, шест на млади лица и пет на лица во раната фаза од Алцхајмеровата болест.

Др Гефен појаснува дека ги измериле големините на невроните во слојот II во енторхиналниот кортекст, кој сочинува шест слоеви на неврони наредени еден врз друг, а важни се бидејќи го држат под контрола паметењето. Истовремено проучувале и колкава е акумулацијата на протеините во неврофибриларниот јазол.

„Студијата покажа дека во случајот на Алцхајмеровата болест атрофијата на невроните во енториналниот кортекс, еден од деловите на мозокот одговорен за паметењето и чувството за мирис, била карактеристично обележје на болеста. Претпоставуваме дека овој процес е последица на акумулациите на тау протеинот во неврофибриларниот јазол, што резултира со послабата способност за сеќавање во повозрасната возраст“, додава др Гефен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.