Студија за антителата покажува дека Шпанија е далеку од „имунитетот на стадото“

Голема научна студија спроведена во Шпанија покажува дека колективниот имунитет на новиот коронавирус е далеку од моменталната реалност, како и дека мерките за физичко дистанцирање ќе останат најдобриопт пристап во справувањето со пандемијата.

Само 5 отсто од 61.000 учесници во истражувањето развиле антитела на коронавирусот, покажува истражувањето објавно во научното списание Lancet, коешто делумно го финансирало шпанското министерство за здравство.

Студијата покажала дека околу третина од заразените со коронавирусот биле асимптоматски, што според авторите има „важни импликации во јавното здравство“.

„Во моментов имунитетот на стадото е тешко да се постигне без прифаќање на колатералната штета, односно бројот на смртните случаи во ризичната популација и без преоптоварување на здравствениот систем“, наведуваат истражувачите.

Имунитетот на стадото е постигнт која доволе дел од популацијата ќе биде заразена со вирусот или бил вакциниран на вирусот, поради што се запира циркулирањето на вирусот.

„Некои стручњаци проценија дека серопревалнецијата од околу 60 отсто може да значи колективен имунитет. Меѓутоа, ние сме далеку од постигнувањето на оваа бројка“, наведе за CNN водечката истажувачка во оваа студија, Марина Полан.

Во студијата се наведува дека резултатите укажуваат на потребата за одржување на мерката за физичко дистанциррање, како и за продолжување на идентификацијата и изолирањата на новите случаи и нивните контакти „за идната епидемиска контрола“.

Авторите на истражувањето, исто така, наведуваат дека е нејасно дали едно лице еднаш заразено со коронавирусот, а кое не развило антитела, може повторно да биде заразено.

Истражувањето е започнато во април, додека Шпанија беше во строг карантин. Шпанија е една од најтешко погодените земји во пандемијата, со над 28.000 починати и 250.000 случаи на зараза со коронавирусот.