Студија за млади – потребно е подобрување во сите сегменти од животот на младите

Реновирање на студентските домови, поттикнување младински активизам и волонтерство, воведување задолжителна пракса за секој студент и општо подобрување на стандардот на живот кај младите. Ова се само дел од препораките кои фондацијата „Фридрих Еберт“ ги презентираше денес по објавувањето на резултатите од студијата за млади на Северна Македонија за 2018/2019 година. ИIстражувањето имаше за цел да ги идентификува, образложи и анализира ставовите на младите и нивните модели на однесување во современото општество.

Студијата има опфатено широк спектар на прашања од најразлични сфери како што се образование, миграција, политичко учество, вработување, слободно време и многу други. Ова е второто по ред вакво истражување, по првото во 2013 година, што овозможи и компаративен метод помеѓу различните резултати добиени по 5 години.

„Студијата е поделена во 5 поглавја: животен стил и слободно време, мобилност, индивидуа – релации со други, брак и семејство, образование и вработување и политика и демократија“, објасни Нита Старова од фондацијата „Фридрих Еберт“, „таа покажува дека е потребна понатамошна работа и подобрување во сите сегменти од младинскиот живот.“

Како што вели Старова, глафридрих ебертвни проблеми кои можат да се увидат од резултатите се, пред се, високиот процент на младите со желба за миграција и воглавно нискиот стндард за живот. Но, на прашањето колку тие преземаат нешто конкретно во врска со нивните желби за напуштање на земјава младите генерално одговараат дека не преземаат ништо или барем ништо конкретно. Според Старова, ова значи дека доколку се поработи на подобрување на условите и доколку се слушнат нивните барања и вистински се земат во предвид, тие би останале во земјава.

 

Податоците од студијата беа собрани во почетокот на 2018 година со учество на повеќе од 10 000 испитаници на возраст помеѓу 14 и 29 години. Таа беше спроведена во 10 држави од Југоисточна Европа и се здоби со генералните перцепции на младата генерација, нивните очекувања, ставови и пристап кон реалноста. Истовремено студијата ги спореди и измери евентуалните промени и состојби кај младите во изминативе 5 години