Студиото Warner Bros подготува римејк на ‘Кременковци’

Одделот за анимации на американските студија „Warner Bros“ и компанијата на „Brownstone Productions“ се подоготвуват да ја рестартираат хумористичната серија „Крменковци“ (Флинстонови – The Flintstones), објави во четвртокот списанието The Hollywood Reporter.

Според весникот, римејкот на анимиранта серија, којашто се прикажуваше во периодот од 1960 до 1966 година на телевизијата ABC, сѐ уште е во „многу раната фаза“ на подготовките. Новата серија ќе биде фокусирана на возрасната публика. Во неа ќе се вклучени лиговите од оригиналната серија.

„Кременковци“ беа гледана хумористична анимирана серија создадена од студиото за анимирани филмови „Hanna-Barbera“ и раскажува за животот на семејството на Фред Флинстон и неговите пријатели во каменото доба. Таа бепе првата анимирана серија која се емитуваше во ударниот термин на американските телевизиски мрежи. Серијата, исто така, беше повод за подоцнежните бројни споноффови и неколку играни филмови во 1994 и 2000 година.

Детските серии кои произлегоа од „Флинстонови“, како „ Yabba-Dabba Dinosuars“, исто така, продуцирани од „ Warner Bros“ ќе бидат поставени на премиерата на анимациската палтформа Boomerang во 2020 година. Тие ќе се фокусираат на тинејџерските ликови, Пеблс Флинстон и Бам-Бам Рабл, од оригиналната франшиза.

Сет Мекферлејн се обиде да направи римејк на „Флинстонови“ додека работеше за мрежата Fox на почетокот од декадава, кога мрежата му го даде рокот до 2011 година. Проектот никогаш не се оствари, меѓутоа беше направено сценарио.