Штутгарт и Фортуна ремизираа без голови

Во првиот натпревар од четвртото коло од германското фудбалско првенство Штутгарт и Фортуна од Диселдорф во петокот вечерта одиграа без голови 0:0.

Штутгарт не успеа да ја оствари првата првенствена победа во новата сезона, што се одрази на нервозната игра во првото полувреме, кога Марио Гомез се најде во две изгледни прилики. Гостите од Диселдорф, пак, се определија за дефанзива чекајќи ја шансата од противнапади, па домашните во вториот дел тешко доаѓаа до вистинска шанса за погодок.

Фортуна е осма со пет бодови, а Штутгарт 15-ти со само два бода. Водечки е актуелниот шампион Баерн Минхен со досега максималните девет бодови.

Во ова коло се играат и дуелите Херта – Борусија М, Волфсбург – Фрајбург, Аугсбург – Вердер, Нирберг – Хановер, Хофенхај – Борусија Д., Шалке – Баерн М, Баер Леверкузен – Мајнц, Ајнтрахт – Лајпциг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.