Суад Зеjнeл и Башким Османи се новите директори на Институтот за ТБЦ и на Ревматологија

Д-р Суад Зејнел од Клиниката за Пулмологија ќе биде нов директор на Институтот за Белодробни заболувања и ТБЦ, а д-р Башким Османи ќе раководи со ЈЗУ Клиниката за Ревматологија, информира Министерството за здравство.

Д-р Зејнел и д-р Османи доаѓаат на местата на д-р Арбен Љабеништа и д-р Филип Гучев кои досега раководеа со овие клиники.

Се очекува до крајот на неделата да бидат именувани нови директори и во Центарот за Јавно здравје, ЈЗУ Клиниката за Кардиологја, ЈЗУ Клиниката за токсикологија, ЈЗУ Клиниката за детски болести како Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.