Суарез: Барселона е тим без глава, Реал ако сакаше ќе дадеше 4 гола

Луис Суарез, поранешниот играч на Барселона го коментираше поразот на „Каталонците“ од Реал Мадрид од 1:2 во неделата. Тој смета дека овој тим нема сила и дека Реал Мадрид можел да даде четири гола ако сакал.

„Овој тим на Барселона не е истиот како пред неколку години. Нема стил на игра, не се агресивни, и не играат тимски. Премногу играчи потфрлаат. Овој тим е без глава и нозе“, рече Суарез.

Тој кажа дека Барса е слаба и во офанзива, и во дефанзива…

„Барселона нема сила во офанзива, а во дефанзива е целосно во хаос. Така нема да напредува. Да сакаше, Реал Мадрид ќе дадеше четири гола. Барселона не може да се потпре на младо момче, кое е во тимот само една и пол година“, изјави Суарез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.