Суарез ја напушта Барселона, сака назад во Премиер лигата

Денис Суарез ќе ја напушти Барселона во јануари, пишуваат шпанските медиуми.

Одлуката е донесена од пред неколку месеци. Играчот сака да ја промени ситуацијата, за да добие повеќе минути за играње, нешто што „Камп Ноу“ не може да го стори во овој момент, се вели во статијата.

24-годишниот играч го известил клубот дека сака да ги напушти нивните редови во зимскиот трансфер период. Во моментов, две екипи бараат потпис на играчот – англиските Челзи и Арсенал. Во последните денови имало дури и контакти помеѓу агентите на Суарез и двата клуба од Лондон.

Лична желба на играчот е да се врати во Премиер лигата за подобра плата и поголем тајминг во шампионатот.

Тој во 2011 година започна со настапи во вториот тим на Манчестер Сити. Сепак, играчот од средниот ред не доби можност да заигра за првиот тим на „граѓаните”.

Актуелниот договор помеѓу Суарез и Барселона истекува летото 2020 година. Каталонците се подготвени да се разделат со играчот од средниот ред за 10 до 15 милиони евра. Сепак, во моментов нема конкретна понуда.

Челзи и Арсенал не се единствените клубови поврзани со Суарез. Валенсија, исто така, може да биде вклучена во борбата за договор со талентираниот играч. Италијански Милан е уште една опција за потписот на играчот.