Суарез ќе мора да се лади четири месеци

Одборот за Апелација при Светската куќа на фудбалот (ФИФА) потврди дека ја има одбиено жалбата која беше упатена од Фудбалската федерација на Уругвај и од контроверзниот напаѓач, Луис Суарез кој е незадоволен од веќе донесената одлука да биде суспендиран во следните четри месеци.

“Можеме да потврдиме дека жалбата на Луис Суарез и на Уругвајската Фудбалска Федерација е одбиен и казната што му е изречена на 25 јуни целосно се потврдува”, се вели во официјалното соопштение на ФИФА.
Бомбардерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул најверојатно во следните неколку дена ќе поднесе жалба до до Судот за Спортска Арбитража во Лозана.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.