Судар на два германски воени авиони, еден пилот загина

Два воени авионa Еурофајтер се судрија во североисточната германска држава Мекленбург-Западна Померанија, при што еден пилот загина, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Авионите припаѓаа на германските вооружени сили, а се судриле во близина на воена база, над туристичкото подрачје на езерото Дривицер.
Пилот од трет авион, кој исто така учествувал во маневрите, видел како двајцата пилоти се катапултирале, по што го пријавил инцидентот. Падобранот на едниот пилот се закачил за стебло и откако го пронашле спасувачите укажана му е потребната медицинска помош.
Портпаролот на германската војска за „Билд“ изјави дека другиот пилот не го преживеал падот.