Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 17 септември

Кривичниот суд го одложи денешното рочиште за случајот „Насилство во општина Центар“ по барање на новиот адвокат на обвинетиот, Александар Трајковски, да се запознае со предметот. Рочиштето е презакажано за 17 септември.

Денеска Судскиот совет го одби барањето на обвинетиот Миле Јанакиевски, како сведок уште еднаш да биде сослушан поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер.

Во предметот „Насилство во Центар“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште 11 лица.

Според обвинението Никола Груевски со умисла го поттикнал Јанакиевски да изврши насилство врз поранешниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски и членовите на советот на општината.