Судењето за „Титаник“ утре нема да се одржи, двајца од обвинетите имаат здравствени пробеми

 Следното рочиште по предметот „Титаник“ закажано за утре, се одлага за 12 ноември, поради здравствени пречки на двајца од обвинетите, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18, од обвинителството означен како „Титаник“ ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 05.11.2020 година се одлага заради здравствени пречки на двајца од обвинетите – стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Во случајот „Титаник“ освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.