Анализи

Судењето на нарко-босот Ел Чапо, најголемото и најскапото во историјата

Судењето на нарко-босот Ел Чапо, најголемото и најскапото во историјата

Во Њујорк во понеделникот започнува судењето на Мексиканецот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, обвинет дека го водел најголемиот светски нарко картел кој во текот на четврт век во САД прокриумчарил повеќе од 155 тони кокаин. Големото Судење на сојузниот суд во Бруклин, коешто ќе чини милиони долари и ќе трае повеќе од четири месеци, ќе го приведе пред лицета на еден од најозлогласените криминалци на светот.

Озлогласениот мексикански „господар на дрогата“ Хоакин Гузман познат акко „Ел Чапо“, беше екстрадиран во САД минатата година, со лет во Њујорк со лет од Сиудад Хуарез. Гузман, кој се соочува со казна доживотен животот во САД, се бара под обвинение за трговија со дрога и шверц на огромни количини дрога во земјата. За челникот на картелот Синалоа имаше две барања за екстрадиција – едно од Калифорнија, и друго од Тексас.

Претходната 2016 година тој беше преместен во затвор во Сиудад Хуарез, кој се наоѓа од другата страна на границата со Ел Пасо во Тексас, но властите во тоа време негираа дека трансферот е предвесник на екстрадиција. Гузман водеше судска борба за да остане во Мексико, но неговите жалби беа одбиени. Тој претходно успеа да избега од два мекикански затвори со макимално обезбедување.

Мексиканскиот наркобарон Хоакин Гузман Лоер, познат и како „Ел Чапо“ (Кусиот) поради неговата височина од само 152 сантиметри, водач на наркокартелот Синалоа, беше уапсен во петокот во истоимената сојузна мексиканска држава, шест месеци по романескното бегство од затвори со висока безбедност во Алтипплан, каде што повторно е вратен. Мексиканската влада не сака да ризикува негово ново бегство, бидејќи тоа ќе има многу негативни последици за перцепцијата на сериозноста на владата.

Гузман кон средината во јули 2015 година избега по вторпат од затворот со максимално обезбедување. Според очевидци, наркобосот последен пат бил виден во туш кабината во еден од затворските блокови. Сознанијата велат дека осуденикот бегството го извел со помош на наркокартелот Синалоа, една од најголемите злосторнички организации во Мексико.

Лоер беше уапсен и осуден на дваесетгодишна затворска казна уште во 1993 година, Потоа, откако мексиканските власти решија да им го предадат на САД, тој започнал да подготвува бегство од затворот. Гузман тогаш поткупил неколку затворски чувари и на 19-ти јануари 2001 година побегнал, сокривајќи се во комбе кое превезувало валкана облека. Во неговиот план за бегство, како што подоцна откри истрагата, биле вклучени речиси осумдесет луѓе. Тогаш властите понудија награда од 2,3 милиони долари за информација што би овозможила ликвидација на Гузман. Наркобаронот беше уапсен повторно во февруари 2014 година, во еден од хотелите во градот Масатлан во западно Мексико.

Со статусот на легендарен и недофатлив мексикански крал на дрогата, се проценува во моментов на една милијарда американски долари. Ел Чапо неколку години се наоѓаше и на листата на најбогатите и највлијателни личност на светот во рејтинг листата на списанието Forbes. Магазинот го нарече Ел Чапо тие години еден од највлијателните луѓе на планетата, бидејќи го контролирал речиси целиот американски пазар на кокаин, кој тогаш му донел 300 милиони долари. Поради тоа американските власти распишаа награда за негово апсење од 5 милиони долари.

Магазинот Forbes рангирајќи ги личностите според „четири димензии на моќ“: влијание врз други луѓе, контрола на богатства, разновидност на влијанијата и активно користење на моќта во 2009 година Хоакин Ел Чапо Гусман, наркобаронот кој тогаш беше во бегство во зафрлените планини на северот на Мексико, го рангираше како глобално помоќна личност од тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев, од поранешниот француски Николас Саркози и од сега починатиот венецуелски претседател Уго Чавез. На тој список на „најмоќните луѓе на светот”, Гузман беше рангиран на 41 место, две места пред Медведев и дури 15 места повисоко од Саркози, и само четири места подолу на листата од најбараниот терорист Осама бин Ладен, сега ликвидираниот водач на Ал Каеда. Кога во 2007 година 52-годишниот Гузман правеше свадба со 18-годишна убавица, банкетот беше толку добро обезбедуван што армијата не се ни обиде да го приведе младоженецот.

 

Тужба подготвувана со години

Обвинителите со години го подготвуваат процесот против Гузман кој беше екстрадран во САД откако двапати побегна од затвор во Мексико. Гузман се смета за најголемиот светски нарко бос по Колумбиецот Пабло Ескобар, ткн „Кралот на кокаинот“, кој беше еден од најбогатите луѓе на светот се’ додека не беше убиен во полициска операција во 1993 година. Стручњаците истакнуваат дека владата има речиси несобориви докази и дејка 61-годишниот Гузман веројатно ќе заврпши во најстрого чуваниот затвор во САД до крајот на животот. Меѓутоа, по која цена?!

„Дали тоа ќе спречи барем еден пакет од половина килограм кокаин да стаса во САД? Веројатно нема. Машинеријата ќе продолжи да работи и натаму“, вели Роб Хирој, адвокат од сојузната држава Северна Каролина кој беше бранител на други мексикански нарко босови.

Картелот Синалоа кој Гузман го основал во 1989 година и натаму е силно моќен. Заедно со Гузман обвинете е и Исмаел „Ел м,ајо“ Замбада, кој и натаму е на слобода, а насилното криумчарење дроги во Мексико и натаму непречено се одвива. Минатата 2017 година во Мексико се случиле рекордни 29.000 убиства, Во САД зависноста од дрогите стана, пак, стана вистинска епидемија, Во 2016 година секој ден од предозирање во просек умирал по 174 Американци.

 

Најскапото судење во историјата

Американскиот судија Брајан Коган ќе претседава со судењето коешто ќе биде затворено за јавноста. Изборот на членовите на поротата ќе биде спроведено со силни безбедносни мерки кои се користат само за најопасните обвинети. Дванаесетмината поротници, со шесте заменски, ќе бидат анонимнни. На судот секој ден ќе доаѓаат и ќе си заминуваат придружувани од сојузни шерифи.

Овие обучни граѓани и граѓанки ќе одлучат дали Гузман, татко на две деца, е виновен по 11 точки од обвинението за кои е товарен, за криумчарење дроги, незаконско поседување и користење огнено оружје и перење пари. Според обвинението, картелот Синалоа, кој Гузман го водел според обвинението од 1989 до 2014 година, станал „најголемата организација за криумчарњење дроги на светот… со илјадници членови“. Американските обвинители тврдат дека од 2989 до 2014 година овој картел во сАД прокриумчарил најмалку 154.626 килограми кокаин, хероин, метамфетамин и марихуана, во вредност од 14 милијарди долари.

Гузман се изјасни дека не се чувствува виновен, но владата собрала многу докази, повеќе од 300.000 страници и најмалку 117.000 аудио снимки, по што адвокатите на одбраната се жалат дека немале доволно време сето тоа да го проучат.

Хирој проценова дека судењето американските даночни обврзници ќе чини „повеќе од 50 милиони долари“, што вклучува програми за заштита за барем некои од стотината сведоци. „Тоа веројатно ќе биде најскапото судење во историјата на САД“, додава.

 

Доушниците

Дури ни адвокатите на Гузман не знаат кои се’ негови поранешни соработници, работници или ривали станале доушници. Некои од доушниците веќе се влезени во програмата за заштита на сведоците, добиле нови идентитети и домови ширум земјата. Други, пак, се веќе в затвор, но на посебно оддели, за да бидат заштитени од можна одмазда. Соработката со владата на САДкако и може да ги доведе во опасност, како и нивните семејства, но и да им ги намали казните.

„Никој не да им фотографии од Гузман како носи кокаин или ковчези со пари. Случајот ќе се темели на исказите на тие доушници“, смета Хирој.

Гузман се наоѓа во самица во Њујорк откако Мексико го екстрадираше во јануари 2017 година, ден пред Доналд Трамп да ја положи свечената заклетва за американски претседател. Во ќелијата минува 23 часа на ден. Да го посетуваат смеат само неговите адвокати, кои ги има тројца, и седумгодишните близначки. Судијата и’ забрани да го посетува на неговата сопруга, 29-годишната мис на убавината Ема Коронел. Можеше да го види само на сослучувањата пред судењето.

Ел Чапо првпат е уапсен во Гватемала во 1993 година и мина повеќе од седум години во мексикански затвор, а првпат се обидел да избега во 2001 година, Повторно беше уапсен од мексиканските маринци во февраури 2014 година, а 14 месеци подоцна повторно избега. Гузман повторно беше уапсен во јануари 2016 година по посетата на американскиот актер Шон Пен и една мексиканска актерка кои сакаа да снимат филм за неговиот живот, благодарејќи на што мексиканските власти му влегоа во трагата. Овојпат Мексико се реши да ги „измие рацете“ од него и да го стави на авиона за САД.