Судењето за „Ликвидација“ одложено за септември

Поради отсуство на еден член на поротата, повтореното судење за предметот „Ликвидација“ е одложено за 3 септември. Судијата Осман Шабани рече дека рочиштето во кое обвинетите беа осудени за прекршување на Законот за кривична постапка и на Законот за заштитен сведок во случајот за убиство на старецот од Ореше, се одлага поради здравствени проблеми на еден поротник и дека судењето ќе се одржи на почетокот на септември.

Новинарот Томислав Кежаровски кој беше обвинет во предметот, рече дека од судењето очекува правилност и правичност и дека се надева дека ќе ја извојува победата. Неговиот адвокатот Филип Медарски рече дека делото за Кежаровски е застарено и очекува обвинителството да реагира на тоа.

Во 2013 година обвинетиот Валентин Зафиров доби казна од пет и пол години за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и противправно посредување, како и новинарот Томислав Кежаровски – четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата тој во 2008-тата година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во предметот „Ореше“. Сабедин Џини-Хофман, Сашко Лазаров и Јане Павловски „Тица“, добија казни затвор од една до една и пол година.

Во 2015 година по одлуката на Апелација по жалба Кежаровски доби две години затворска казна, адвокатот Воислав Зафиров , кој беше осуден на пет и пол доби 2 и пол години затвор, судијата во случајот „Ореше“ , Илија Танев му е намалена казната на година и пол, на јавниот обвинител Ивица Ефремов на 3 години , а поранешните судии Борис Николовски и Сашо Лазаровски добија условни казни од една година доколку не го повторат делото во наредните три години.