Судењето за „Монструм“ одложено, предметот пратен во СЈО

Судењето за случајот „Монструм“ кое почна од почеток, денеска вторпат беше одложено поради тоа што во судот не дојде јавен обвинител. Причината е што списите од предметот пред два дена се испратени во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кое за осум дена треба да утврди дали има надлежност над предметот.

Судењето е одложено за 17 април.

Судењето за „Монструм“ се врати од почеток откако Врховниот суд ги укина доживотните затворски казни за обвинетите кои беа ослободени од притвор. На рочиштето на 12 февруари обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичното обвинение.