Судењето за „Сопот“ одложено за 20 декември

Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложено рочиште за случајот „Сопот“, бидејќи Судот не можеше да го утврди идентитетот на сведокот Рамадан Бајрами чија лична карта е неважечка. Следното рочиште ќе се одржи на 20 декември.

Предметот „Сопот“ е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.

„Сопот“ е повторно отворен годинава откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), затоа што во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.