Судија му нареди на Трамп на обвинителите да им ги предаде даночните пријави

50

Американски сојузен судија во понеделникот одлучи дека претседателот Доналд Трамп мора на обвинителите во Њујорк да им ги предаде даночните пријава за осум години, со што го одби тврдењето дека претседателот е заштитен од кривичен прогон.

Повикувањето на претседателот Доналд Трамп на имунитетот е „во спротивност со структурата на националната власт и уставните вредности“, напишал судијата Виктор Мареро во одлуката на 75 страници. „Судот не може да ја прифати идејата за имунитет на претседателот според која претседателот би бил над законот“, се истакнува во образложението.

Набрзо потоа Трамп вложи вонредна жалба пред судот во Менхетен која спречува постапување по задолжителниот налог на државниот обвинител Сајрус Венс помладиот, образложувајќи ја со „вонредни ситуации“.

Одлуката на судијата Мареро инаку би ја присилила долгогодишната сметководствена компанија на Трамп, „Mazars USA“, уште во понеделникот попладнето по локално време да почне да ги доставува документите. Оваа одлука е напор да се спречат обидите на Трамп тој да го спречи објавувањето на неговите даночни пријави, и покрај тоа што во кампањата од 2016 година беше вршен истиот притисок а тој порача дека ќе ги објави.

Сајрус Роберт Венс, кој е кадар на Демократската партија, ги побара личните и деловни даноќни пријави од 2011 до 2018 година, како и другите документи на „Mazars USA“, во рамките на истрагата за деловните ангажмани на претседателот и неговото семејство, која ја туркаат демократите.

„Радикалните демократи паднаа на сите фронтови и сега ги тераат локалните власти на Њујорк и државните обвинители демократи во лов на претседателот Трамп. Вакви работи не му се случувале на ниеден американски претседател. Ниту одблизу!“, напиша на Twitter републиканскиот претседател по одлуката на Мареро.

Уставот на САД не зборува ништо за тоа дали може да се подигне обвинение против актуелен претседател и Врховниот суд сѐ уште не донесе одлука по ова прашање. Сојузните обвинители не може да го обвинат актуелниот претседател, тврди министерството за правда, бидејќи претседателот има привремен имунитет. Меѓутоа, тоа не ги спречува државните обвинители на ниво на сојузни држави, као што е Венс или дури и сојузните обвинители да отворат истраги, тврдат противниците на Трамп.

Венс задолжителниот налог го издаде пред четири седмици, откако уште една ткн субпена издаде за оранизацијата на Трамп за доставување на документи за наводни тајни исплати, вклучително и исплати на две жени пред претседателските избори во 2016 година кои тврделе дека со него наводно иле во љубовна врска, што Трамп го негира.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.