Судијакта Кацарска згрозена возврати на прозивките од Стефанова

Три дена и беа потребни на судијката во кривичниот суд во Скопје Добрила Кaцарска да да ги отфрли прозивиките од обвинителката Лиле Сtефанова, кажани во сведочењето во предметот „Рекет“, дека се интересирала и прашувала кој ќе биде исходот оД барањето притвор за Орце Камчев. Кацараска е изненадена од споменувањето на нејзиното име бидејќи тој ден била на работа во судот, од сабајле до вечер. Писмото на Кацарска е адресирано до Судскиот совет од кого бара да испита дали  таа се мешала во судски одлуки во кривичниот суд.

„Бев згрозена од ваквата изјава, односно од нејзиното сведочење со оглед да се работи за целосна невистина бидејќи во ниту еден момент не само што нејзе не сум и се јавила, а најмалку пак сум и вршела притисок, туку апсолутно неточно е дека сум и пуштила некој нејзин колега обвинител“, пишува таа.

Обвинителката Стефанова која го води случајот „Империја“ во кој се осомничени бизнисменот Јордан Камчев и Сашо Мијалков, рече дека судијката Добрила Кацарска, преку колега вршела притисок осомничениот Камчев да не добие притвор. Признанието дека фамилиите Камчеви и Кацарски се куќни пријатели не треба да се злоупотребува, побара судијката со одговор дека штетата не е само на нејзиниот углед, туку на позицијата судија.

„Рекет“, пак, продолжи  денеска со прикажување слики-докази од скапите парчиња облека на обвинетиот Боки 13, неговиот мебел, возило-џип, куќа и стан. Во доказите од обвинтиелството јавноста ѕирна во домот под наем на ексспецијланата обвинителка Катица Јанева, која поседува теретана и боксерска вреќа во подрумот, но и чанта од бреднот Луј Витон. Но, не онаа во која Боки 13 и Зоки Кичеец подигнаа 1 милион евра за „Рекет“. Обвинителите во претресот нашле и нотес, но што бележела Јанева во него останува неразјаснето.

Над двесте и четириесет аудио, видео и писмени докази собрале и испратиле до судот обвинителите за гонење на организиран криминал, а на наредното рочиште се очекува во целост да слушнат и аудио и видео снимките кои за прв пат ги објави италијанскиот медиум „Ла Верита“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.