Судијата поротник Сандев не смее да се пензионира за да врши притисок врз опозицијата?!

Како правни недоречености и судски лавиринти може да се опише може да се објасни парадоскалната состојба во македонското судство, а еден од примерите за тоа, меѓу другото, се и судските предмети „Талир“ во кои судија поротник е 60-годишниот Митко Сандев кој одлучува во судски предменти кои се водат против сегашни или поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според законот, судија поротник кога ќе наполни 60 години треба да се пензионира и сѐ уште не е јасно која е причината поради која Сандев не е пензиониран додека од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека на судијата поротник му е наложено да не се пензионира за да врши притисок врз партијата.

„Поротниците се избираат на предлог на Претседателот на судот, тој доставува листа до судскиот совет и судскиот совет ги избира или ги разрешува. Чудно е што еден поротник е оставен, а други се ставени на листа за разрешување. Раководството на Кривичниот суд тоа треба да се објасни, судскиот совет треба да се објасни зошто Сандев не е ставен на дневен ред кога се разрешувале судии поротници со наполнети 60 години“, изјави новинарот Саше Димовски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Според него на овој начин може да се спори во Стразбур дека е донесена одлука во судски процес од ненадлежен суд.

„Вака имаме судија кој де факто гласа, но не исполнува услови тој да биде судија. Да бевме нормална држава еден обвинител за злоупотреба на службена должност да им стегнеше по една пријава и во судски совет и во кривичен суд да видите како ќе се решеа овие работи. Поротникот Сандев треба самиот да си поднесе оставка, во спротивност се соочува со лична кривична одговорност“, потенцираше Димовски.

Свој коментар има и пензионираниот судија Трендафил Ивановски,кој вели дека треба да се прави разлика помеѓу пензионирање и прекин на функцијата.

„Во конкретниов случај, судијата-поротник не оди во пензија, туку само му прекинува функцијата поради тоа што наполнил 60 години. Второ, чудно е тоа што претседателот на Кривичниот суд досега не пронашол замена за судијата-поротник. Едноставно, ќе назначел друг судија-поротник кој нема навршено 60 години и работата ќе беше завршена“, посочи Ивановски.

Од друга страна, додава тој, сосема друга тема на разговор е дали и зошто судските предмети се враќаат од почеток откако на еден судија-поротник му прекинува функцијата.

„Законските решенија секогаш треба да поаѓаат од принципот владеење на правото“,  оцени Ивановски.

Од ВМРО-ДПМНЕ континуирано изминатиот период укажуваа дека Сандев истовремено е и член на партија. Не само што е член на партија туку е член и на тела на партија, на Партијата на пензионерите која што е во коалиција со СДСМ, а самото тоа ги прави политички опонент на опозицијата и  можат да влијаат во судски процес против ВМРО-ДПМНЕ.

Реакција за овој случај изминатиот период има и од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Неодамна  претседателот на партијата Христијан Мицкоски укажа на сите недоследности во случајот со судијата поротник Митко Сандев.

Според Мицкоски на насилен пат се води случајот, за да може имотот на ВМРО-ДПМНЕ да биде замрзнат и сметката на партијата да биде во одреден период блокирана.

„А, што се однесува до поротникот Митко Сандев, ситуацијата е јасна, човекот треба да оди во пензија. Имаме пракса во второстепен суд, судија е поротник којшто кога исполнува услови бил испратен во пензија. И тука нема дилема. Ама паѓале случаеви, се враќале од почеток, не е моја вина. Требало да бидат поажурни, граѓаните ги плаќале од Буџетот во СЈО, требало да покренат истрага, да покрене обвиненија, судски процес и тој судски процес да се заврши. Не е моја вина, ниту вина на граѓаните тоа да го трпат“, истакна Мицкоски во најновото интервју.

Мицкоски посочи дека никој не е виновен што во меѓувреме Митко Сандев исполни услови за во пензија да оди и тоа имплицира четири случаи да се враќаат на самиот почеток.

„Тука треба одговорност да има и обвинителот и судијата и поротниците зошто не биле ажурни. Случајот „Талир“ каде што учествува овој судија поротник е започнат 18 месеци по истекот на законскиот рок од СЈО. На насилен пат се води случајот. Зошто? За да може имотот на ВМРО-ДПМНЕ да биде замрзнат, сметката да биде во одреден период од партијата исто така блокирана, државата обврските кон ВМРО-ДПМНЕ оваа Влада да не си ги исполнува, предводена од СДСМ и Зоран Заев. Зошто? За да може Зоран Заев да има предност на избори, за тоа што нема како. Тој нема проекти, он нема политики, он нема визија, он нема стратегија, единственото што му стои на располагање се заробените обвинители, штанцајте обвиненија и кривични пријави“, подвлече Мицкоски.