Судијката Кацарска се јавила кај Катица Јанева за да влијае врз истраги

Обвинителката од Специјалното јавно обвинилтество Лиле Стефанова започна во понеделникот со со сведочење во судница и притоа истакна дека судијката Добрила Кацарска се јавувала кај поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за да влијае врз истраги, пренесе ТВ 21.

Покрај Кацарска, во сведочењето Стефанова вели дека за влијание се јавувале и политичари, обвинители, како и судии.

На почетокот на прашање од судијата таа истакна дека не е скарана со Катица Јанева, но додаде дека не се во добри однои.

Обвинителката Стефанов уште во јули преку соопштение објавено на СЈО информираше за несогласувањата меѓу неа и Катица Јанева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.