Судиите, обвинителите и пратениците остануваат на цела плата, Уставен суд ја поништи одлуката кој претходно ја змрзна

Уставниот суд на денешната седница ја поништи одлуката на Владата, според која обвинителите, судиите, пратениците, како и другите избрани и именувани функционери требаше да земаат плата од 14.500 за април и мај. Пртходно судот ја замрзна ваквата одлука, а сега и ја поништи, што значи дека овие вработени ќе земаат цела плата.

-Уставниот суд одлучи да ги поништи: Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020); и Уредбата со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020) (У.бр.44/2020 и У.бр.50/2020);

– да ги поништи: Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.97/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.103/2020) и  Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.108/2020) (У.бр.49/2020);, стои во соопштението на Уставниот суд.