Судијата беше на страна на Англија, срамота за Мундијалот

253

Колумбискиот голгетер Радамел Фалкао изјави дека американскиот судија Марк Гајгер ја фаворизирал Англија и и помогнал да се квалификува во четвртфиналето на Светското првенство во Русија. Колумбија вчера загуби од Англија на пенали 4:3 (1: 1), но Фалкао е гневен бидејќи судијата покажал шест жолти картони за неговиот тим и лесно досудувал фаули за противниците.

Ми беше чудно што делегирале американскиот арбитер против Англија. Искрено, одлуката остава многу сомнежи … Тој зборува само на англиски јазик, постојат предрасуди. Тој ни предизвика нервоза, секоја одлука 50:50 отиде на страната на Англија, рече Фалкао по натпреварот во Москва.

Фудбалерот на „Монако“ истакна дека е срамота такви работи да се случуваат во нокаут фазата на Светското првенство.

Тој немаше исти критериуми за двата тима. Неверојатно е така да суди во осминафинале, изјави Фалкао.

Популарниот „Ел Тигре“ додаде дека е задоволен како Колумбијците се претставија на турнирот во Русија.

Колумбија има силен тим, напредуваме и ќе бидеме подобри, заврши Фалкао.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.