Судир на американските војници со владините сили во северна Сирија

Најмалку еден сириски војник загина во судир на американските воени сили распоредени во североисточна Сирија со владините сили на Дамаск, во близина на градот Камишли во североисточниот дел на земјата.

Откако започнало пукањето, американските војници побарале помош од воените воздушни сили на САД кои гаѓале позиции на сириските војници, по што силите на Вашингтон се повлекле.