Судир на автобус и автомобил кај Арачиново, едно лице тешко повредено

Сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген бора“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.В., и автобус „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Н., се случила вчера на регионалниот пат Скопје- Куманово, кај.с.Арачиново

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото, М.В.,кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.