Судир на мотор и велосипед на патот кај Сончев град, две лица тешко повредени

Вчера во 15.00 часот било пријавено дека на патот од Средно Водно кон Сопиште се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл, со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(22) од Скопје и велосипед, управуван од Б.П.(32) од Скопје.

-По незгодата, двајцата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.