Судир на полицијата и демонстрантите во Никозија

Работниците на државната електродистрибуција на Кипар се судрија денеска со полицијата откако се обиделе да влезат во зградата на парламентот во знак на протест поради плановите за продавање на државен имот, што е предвидено со условите од меѓународната финансиска помош од десет милијарди евра.

Околу 300 до 400 демонстранти ја пробиле полициската барикада, фрлајќи шишиња со вода врз полицајците, по што се истуркани кон влезот на зградата во парламентот во централниот дел на Никозија.

На Кипар досега имало многу малку немири во споредба со останатите земји членки на евро зоната кои добиле финансиска помош и ги прифатија „мерките за штедење“.

Демонстрантите се обиделе да влезат во парламентот на споредна врата, поради што пратенците накратко го прекинале состанокот со министерот за финансии и ја промениле локацијата на разговорите во зградата.