Судир на полицијата и имигрантите во Бихаќ

Тројца босански полицајци се повредени, а тројца нелегални имигранти се уапсени откако силите за спроведувње на редот во Бихаќ се обиделе да спроведат рација поради повеќето инциденти кои се случувале во објектот кој служал за нивно сместување.

Според соопштението на полицијата на Унско-санската жупанија, полицајците биле нападнати кога ги извршувале своите редови обврски. При влегувањето во приватен објект во центарот на Бихаќ, наишле на отпор од сместените лица и тројца полициски службеници биле полесно повредени. Се наведува и дека тројца имигранти се приведени и во тек е нивно процесуирање.

Според полицискиот портпарол, станувало збор координирана акција на повеќе институци за надзор на приватниот објект во кој престојува група до 135 имигранти, со кои локалните власти изминатите денови имале повеќе инцидентни ситуации.

Имигрантите од овој центар ја попречувале полицијата во извршувањето на нејзините задачи и ги штителе насилниците меѓу нив, рекол порпаролот и додал дека поради тоа во четвртокот биле уапсени шест странски државјани.

Властите во споменатата жупанија најавија дека сите имирганти кои се нелегално сместени во Бихаќ во приватнио сместувања или на јавни простори ќе ги преместат на локација во близина на границата со Хрватска, но локалното население протестира.

Последните петанесетина дена е зголемено доаѓањето на имирганти во Босна и Херцеговина, а од почетокот на годинава регистрирани се повеќе од 9.000 илегални влегувања во земјата. Покрај тоа, минатата седмица биле регистрирани и повеќе меѓусебни пресметки на имигранти, и напади врз локалното население на подрачјето на Унско-санската жупанија.